Испечати

Компир и грашок со кари зачин

Компир и грашок со кари зачин

Состојки

  • 6 компири
  • 1 мала конзерва грашок
  • 1 морков
  • 1 целер (стебленце)
  • 3-4 лукчиња
  • 1-2 лажици кари зачин
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажица брашно
  • неколку гранчиња магдонос
  • 1 лажица шитаке печурки во прав

Подготовка

1. На масло се пропржува ситно сечканиот лук, сечканиот целер и морковот сечкан на кругови или полукругови.
2. Се става брашното и кари зачинот, се промешува.
3. Се ставаат компирите сечкани на коцки и се прелева со вода.
4. При крај се додава грашокот, се зачинува и се доварува да се соединат вкусовите.
5. На крај се додава сечканиот магдонос.