Маков колач
Состојки
- 4 јајца
- 250гр. шеќер
- 100мл. зејтин
- 150мл. млеко
- 250гр. брашно
- 1 пециво
- 150гр. мелен мак
- 5 полни лажици мармалад(по желба)
- глазура
- 150гр. чоколадо за готвење
- 40гр. путер
- 5 лажици млеко
Подготовка
Подготовка.
1. Во поголем сад, со помош на мискер, изматете ги јајцата заедно со маслото за готвење.
Во смесата додадете го млекото и шеќерот,додадете го и ситно мелениот мак.
Брашното измешајте го со прашокот за пециво и додадете го во смесата. Матете се додека не добиете хомогена смеса. Тавата за печење намачкајте ја со путер и истурете ја подготвената смеса. Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 30 минути. Оставете го малку да се олади, и со помош на голем нож (или конец) пресечете го тестото на надолжно.
2. Половина од тестото со раце искршете го и додадете го мармаладот и измешајте.
Оваа смеса сипете ја врз половина од маковиот колач.
3. На пареа, растопете го чоколадото, додатете путер и млеко и премачкајте го колачот. Оставете го да се олади, пресечете го на коцки и сервирајте го.
Забелешка,
Колачот го печев во малата ростер тава и бев задоволна од висината и големината на коцките. Мармалад користев од сливи со чоколада, но вие може да ставите по ваша желба.
Добар апетит!!!