Похован црн домат со сусам и презла
Состојки
- 1 танок црн домат
- 2 јајца
- 100 гр брашно
- 100 гр сусам
- 70 гр презла
- масло за пржење, најлонска кеса, сол
Подготовка
Едноставно, вкусна закуска со сиренце и аперитив.
Најпрво се лупи црниот домат и се сечи на еднакви кругови.
Во една најлонска чиста ќеса се става брашното, па круговите црн домат и се протресува кесата.
Така парчињата црн домат се налепуваат со брашното.
Потоа секое парче се валка во изматено јајце со сол.
На крај се валкаат во измешани сусам и презла.
Се пржат да заруменат и се редат на хартиени салфети.
Се сервираат по желба.