Чипс од јаболко (посно, веган)
Состојки
- по потреба/желба јаболко
Подготовка
Лесно и здраво, совршена комбинација.
Јаболките се чистат од семето со алатката за чистење (истата онаа со која се чистат пиперки од семе)
Потоа тенко се сецкаат. Пожелно е да е на машинче за да бидат еднакви.
Се редат на хартија за печење и се ставаат во рерна на 50 степени и се сушат 3-4 часа. Додека се сушат рерната треба да биде подотворена малку, може со рачка од дрвена лажица за да може влагата да излегува.
Температурата од 50 степени е за да се зачуваат хранливите состојки.
Доколку сакате да завршите побрзо можете да ги дехидрирате на 100 степени.
Добро издехидрирани, немаат рок на трање и може да се чуваат на собна температура.