Испечати

Пикантни компирчиња и фурнаринки

Пикантни компирчиња и фурнаринки

Состојки

  • за компирите
  • 1 кг. компири
  • 1 лаж. сушен зачин
  • 1 лаж. сушена лута црвена пиперка
  • малку сол и црн бибер
  • 100 гр. сирење
  • за фурнаринките
  • 1 готово тесто за пица
  • 1 јајце
  • малку сусам
  • 4-5 парчиња кашкавал
  • малку оригано
  • малку путер

Подготовка

Компирите ги лупиме и ги сечеме на коцки. Се посолуваат, им се додава сушен зачин, црн бибер и сушена лута црвена пиперка.
Ги залеваме со вода и ги ставаме да се печат на 200С. 20тина минути пред да бидат готови им ставаме рендано сирење и ги оставаме да се попечат додека водата целосно ја снема.
Фурнаринките ги подготвуваме од готово тесто за пица. Го премачкуваме тестото со путер, а потоа и со јајце кое е претходно матено.
Тестото го наросуваме со оригано и сусам и редиме врз него парчиња кашкавал. Го сечеме на тенки ленти или каква форма сакате и го печеме на температура од 180С околу 10тина минути.
При сервирањето дополнуваме со кругови домат и кромид.