Испечати

Едноставен кекс од банани

Едноставен кекс од банани

Состојки

  • 1 и 1/2 чаша брашно
  • 1/2 чаша шеќер
  • 2 банани
  • 1/3 чаша растопен путер
  • 1 јајце
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажичка сода
  • прстофат сол

Подготовка

1. Најпрво бананите се пасираат со вилушка, па се додава растопениот путер. Се меша заедно.
2. Се додава сода, сол, шеќер, матено јајце, и ванилин шеќер. Се промешува, па се додава брашното.
3. Калапот се премачкува со маргарин, па се истура смесата и се става во загреана рерна, на 170 степени, околу 30 минути.

Во рецептот се користи чаша од 180 мл.