Испечати

Бели штангли со овес и брусница

Бели штангли со овес и брусница

Состојки

  • 200 овесни снегулки
  • 60 гр сушена брусница
  • 40 гр путер
  • 50 гр бело чоколадо
  • 40 мл чај од брусница

Подготовка

1. Путерот се растопува, а исто и чоколадото, па се додаваат во овесните снегулки.
2. Се додава и брусницата и се меша се заедно. Чајот од брусница се додава по потреба доколку видите дека смесата е сува и не може да се обликува. Јас ставив неколку лажици, значи не мора да ги употребите сите 40 мл што се наведени.
3. Сместа ја ставте во сад обложен со фолија и оставате да се здрви. Потоа сечете на ленти.