Испечати

Посни полжавчиња со печурки

Посни полжавчиња со печурки

Состојки

  • За тесто
  • 500 гр брашно
  • 300 мл млака вода
  • 1/2 сув квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 шоља масло
  • За фил
  • 2-3 лажици посен мајонез
  • 2-3 лажици кечап
  • 1 лажичка оригано
  • 150 гр свежи печурки шампињони
  • За премачкување
  • 2 лукчиња
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица вода
  • сол или мешан сув зачин

Подготовка

Подготовка
1. Од состојките за тесто замесуваме средно меко тесто и го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. Го размесуваме и го расукуваме на брашно, во форма на квадрат, со дебелина од 8-9 мм. Може тестото да го поделите на два дела, ако немате многу простор за сукање.
3. Го премачкуваме со кечап и мајонез, ги распоредуваме насекаде сечканите печурки, ставаме оригано и го мотаме како ролат тестото.
4. Потоа од ролатот вадиме со нож парчиња кои ги ставаме во тавче на хартија за печење. Ги оставаме да стасаат некои 10-15 минути.
5. Лукчето го толчиме со малку сол и го мешаме со останатите состојки. Ги премачкуваме полжавчињата со измешаната смеса за премачкување и ги посипуваме со сусам.
6. Печеме во загреана рерна на 220 степени до зацрвенување.

Забелешка
Имав столчено лукче со сол, па со него ја премачкав цела кора од тесто заедно со кечапот и мајонезот, ама како и да го ставате, секако убав вкус дава.