Испечати

Италијанска пиадина со тиквички и кашкавал

Италијанска пиадина со тиквички и кашкавал

Состојки

  • 3 шолји (за чај) брашно
  • 1 шолја (за чај) ладна вода
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 6 лажици маслиново масло
  • 2 тиквички исечена на долгнавести парчиња
  • 2 чешниња лук, истолчени
  • 5-6 лажици маслиново масло
  • 1/2 рендана кора од лимон
  • 2 лажици вински оцет
  • 200 грама рендан мек кашкавал

Подготовка

Рецептот за овие пиадини го најдов на интернет, затоа што многу ми се допадна комбинацијата на тиквички на скара со растопен кашкавал. Освен тоа, се од леб и тесто обожавам, така што ова за мене беше еден одличен ручек.

Прво, тиквичките исечкајте ги по должина (со лушпата), попрскајте ги со маслиново масло и зачинете ги со сол и бибер. Измешајте ги и печете ги на грил тавче или скара. Кога ќе бидат омекнати, ставете ги во сад во кој ќе ги измешајте маслото, лимоновиот сок и кора, оцетот, лукчето и малку сол и бибер. Тиквичките измешајте ги во маринадата и оставете ги да отстојат додека да ги испечете пиадините.

За лепчињата помешајте ги брашното, водата, печивото и солта. По потреба додадете уште вода додека да формирате меко тесто. Од тестото вадете мали топчиња, со големина по ваша желба (колкави салате да ви бидат пиадините, толкави топчиња). Јас моите ги сакав помали, па вадев мали топчиња. Секое топче развлечете го на набрашнета површина во круг и печете ги во тавче за пржење без масло. Кога ќе ја ставите пиадината, набоцкајте ја со вилушка, целата, за да се испече рамномерно. Печете 2 минути од секоја страна, на среден оган, односно додека да добијат убава боја со малку кафени точки. Готовите пиадини ставајте ги на чинија и покривајте ги со фолија за да останат меки.

Земете една пиадина, наполнете ја со малку кашкавал и маринирани тиквички, преклопете ја со друга пиадина и ставете ги на тавчето без масло. Со лажица пристиснете малку за да се растопи кашкавалот и свртете на другата страна. Кога ќе се стопи кашкавалот, извадете ги и пресечете ги на тријаголничиња.