Испечати

Јарешки изнутрици со пикантен сенф и кромид

Јарешки изнутрици со пикантен сенф и кромид

Состојки

  • 700гр. јарешки изнутрици (бел дроб, црн дроб, срце, бубрези)
  • 2 поголем главиции кромид
  • 1 полна лажица пикантен сенф
  • 2 чешниња лук
  • 1 гранче свеж рузмарин
  • 5 ливчиња свежа жалфија
  • 2 суви ловорови листови
  • 50мл. бело вино
  • по потреба масло, мешан сув зачин, мелен црн бибер

Подготовка

Изнутриците убаво измијте ги во 3 води, со тоа што во последната оставете ги да провријат, па потоа убаво исцедете ги.
Во тава на оган ставете масло да се загрее и додајте ги изнутриците.
Откако ќе се запржат, додајте го виното.
Откако ќе испари виното додајте го сенфот, кромидот исечен на покрупни резанки, лукот, ловоровите листови, жалфијата и рузмаринот.
Налејте и малку топла вода, покријте со капак и оставете да се готват на среден оган.
При крај додајте мешан сув зачин и црн бибер.