Похувана летна даска (декорација)
Состојки
- 1 домат, расечен од горе и наполнет со ситно сечкан кромид
- 1 тиквица, исечена на тркалца
- 10 пиперки, тенки, за пржење
- 2-3 компири, исечени како за помфрит
- 200 мл павлака
- 1 лажица мајонез
- 1 лукче, испасирано
Подготовка
Јас обожавам пржена храна, иако знам дека е здрава. Но, со оглед на тоа што ја јадам и приготвувам ретко, понекогаш си дозволувам апсолутно уживање со разни пржени работи. Оваа даска беше одлична за ручек, но вие може да ја подготвите и како мезе за пријателите кога ќе ви дојдат на гости или за вечера.
Прво, компирите се сечат како за помфрит, се редат на хартија за печење во тавче, се попрскуваат со малку масло, сол, бибер, оригано и нане. Се печат во загреана рерна на 200 степени, со повремено вртење.
Тиквиците се похуваат во брашно, јајца и презла во врело масло. Се вадат и цедат на кујнска хартија.
Пиперките се пржат во тенџерче со капак.
Доматот се расекува и се полни со ситно сечкан кромид.
Павлаката, мајонезот и лукчето ги измешав во мал сад и сосот го зачинив со сол и бибер, по вкус.
Се сервира на даска за сечење, по сопствена желба. Јас на компирите им изрендав сирење, тиквичките ги сервирав со лимон (секогаш сакам лимон на пржени јадења) ,а пиперките ги сервирав без ништо. Одлично оди арапско лепче со сето ова јадење.