Испечати

Руска салата (без конзерванс и винобран)

Руска салата (без конзерванс и винобран)

Состојки

  • 15кг. зеленчук (зелен домат, пипер, морков, карфиол, зелка, целер)
  • 900мл. зејтин
  • 900мл. оцет (алкохолен)
  • 300гр. сол
  • 500гр. шеќер
  • 1 врзла магдонос
  • 1 кесичка бибер во зрна
  • малку ловор

Подготовка

Салатава е омилена во мојот дом, топло ви ја препорачувам.
Подготовка.
1. Целиот зеленчук го миеме убаво. Карфиолот ситно го разлистуваме додека останатиот зеленчук ситно го сечеме.
2. Целиот исецкан зеленчук го оставаме преку ноќ во голема шерпа да пушти од својот сок.
3. Утредента ги полниме теглите со зеленчукот.
4. Водата од зелечукот измешајте ја со сите останати состојки (оцет,зејтин,сол,шеќер) и полијте ги сите тегли.
5. Затворете ги теглите со капаци и ставете ги во поголема шерпа полна со вода да повријат околу десет минути само колку да се вакумираат.
Од оваа доза ми излегоа 22 тегли.
Добар апетит!!!