Мармалад од црни сливи
Состојки
- 6 кг. црни сливи
- 2 кг. шеќер
- 3 лимони
- 2 ванили
- 50-60мл. рум
Подготовка
Сливите убаво измијте ги, се сечат и им се вади коската. Потоа сливите се мелат во машина за месо мелење. Добиената смеса од сливите ја ставаме во шерпа ја преливаме со сокот од трите цедени лимони и вариме на тивко околу 20 минути. Потоа го додаваме шеќерот и вариме додека добиеме густа смеса. На крајот ги додаваме ванилите и румот. Врелиот мармалад го собираме во топли
тегли и ги затвораме капаците. Мармаладот од сливи има многу убав вкус и мирис и ние дома посебно го сакаме, а идеален е и за премачкување торти и палачинки, на здравје!!!