Испечати

Зеленчукова пица - омлет

Зеленчукова пица - омлет

Состојки

  • 150 гр замрзнат грашок
  • 2 големи моркова
  • 100 гр мешано сирење
  • 4 јајца
  • 50 мл млеко
  • 2 лажички оригано

Подготовка

1. Најпрво ги вариме грашокот и морковите исечени на мали коцкички во солена вода, откако ќе се сварат ги цедиме и ги поливаме со ладна вода за побрзо да се оладат.
2. Јајцата ги матиме убаво и го додаваме млекото.
3. Смесата со јајца ја додаваме во грашокот и морковите, го додаваме и ренденото сирење, ориганото и мешаниот зачин и се заедно промешуваме да се добие изедначена смеса.
4. Смесата ја истураме во помал плех обложен со хартија за печење и печеме во загреана рерна околу 15-20 мин додека пица-омлетот не добие убава боја. Откако ќе се олади ја отстрануваме хартијата за печење и го сервираме.
- Омлетот одлично оди со салата од домати и краставици, јогурт, ќефир,кечап...