Испечати

Брзо и лесно суфле со гриз

Брзо и лесно суфле со гриз

Состојки

  • 4 јајца
  • 150мл масло
  • 4 големи лажици брашно
  • 6 големи лажици гриз
  • 200мл млеко или јогурт
  • 1 пакетче (8-10 гр) пециво
  • 1 кг или количина по желба спанаќ, блитва, штавељ, праз
  • по вкус сол и бибер
  • По желба
  • 200гр сирење (дробено)

Подготовка

Лесен и брз рецепт, кој дури ни јас не сум го утнала никогаш во животот. Тоа е доказ дека е добар =))

Јајцата убаво се матат со миксер. Се додава маслото, млекото (или јогуртот), брашното, пецивото и гризот.
Зеленишот (спанаќ, блитва, штавељ или праз) се додава исецкано на лентички и се меша рачно. Доколку сакате можете малку да ги пропржите пред да ги ставите, но нема потреба, супер се и ако не се пропржени.

Се сипа во тавче на хартија за печење или силиконски калап и се пече на 200 степени во загреана рерна окулу 25-30 мин. Горниот дел треба малку да зарумени и да се прават малку, речиси ич меурчиња на површината.
Пред печење пробајте го тестото за сол. Доколку ставате сирење внимавајте да не пресолите.

Толку!
Експрес јадење, супер вкус, нема некој што може да го утне.