Посен црно бел ролат
Состојки
- 150 гр бисквити
- 180 гр вода
- 250 гр шеќер
- 200 гр кокос
- 100 гр ореви
- 100 гр црно чоколадо
- 250гр маргарин
Подготовка
Се става шеќерот и водата да зовријат додека се стопи шеќерот, потоа се додава маргаринот и се трга од оган. Се меша додека се растопи маргаринот.
Оревите и бисквитите се мелат на машинка за мелење ореви. Во сместата со маргарин, шеќер и вода се додава кокосот, мелените ореви, бисквити и се меша убаво. Смесата се дели на 2 дела, во едниот дел се додава растопено црно чоколадо и се меша. На најлонска фолија или на кесе прво се става црниот дел и убаво се мазни со рака да се добие кора со дебелина од пола цм, врз црната кора се става и белиот дел од смесата и тој се расукува убаво со рака и потоа се витка во ролат со помош на кесето, се остава во фрижидер убаво да се излади и потоа се сече.