Путер макарони со маслинки
Состојки
- 1 пакување (500гр) макарони
- 200 гр. маслинки (може и помалку или повеќе, по вкус)
- 50 гр путер
- 100 мл маслиново масло
- 1 лажица сол
Подготовка
Едноставна и брза комбинација која препорачувам да ја пробате.
1. Макароните се ставаат да се варат во посолена вода со маслиново масло. Јас избрав шарени за поинтересен изглед, но, може и со обични, интегрлни и др. тестенини.
2. Маслинките се сечат на ситни парчиња.
3. Во длабока тава се става маслиново масло и путер и штом малку се загреат се додаваат маслинките.
4. Кога макароните се сварени (отприлика 10 минути) се цедат и се истураат во тавата со маслинки. Убаво се промешува.