Бамји со морков
Состојки
- 1 кг бамји
- 200гр моркови
- 1 чешне лук
- сол, оцет, вода
Подготовка
Бамјите убаво се мијат и се чистат од рачките, морковите се лупат. Во тегло убаво се редат бамјите и помеѓу нив се става по некое парче морков и по малку лукче. На секое тегло се става по 1 кафено лажиче сол и по 70 мл оцет, остатокот се дополнува со вода.
Не наведов во состојките колку оцет бидејки јас на тегло од 720 гр си ставам по 70 мл оцет. Теглите се затвораат убаво, се виткаат во весник, се ставаат во шерпа, се налева вода до под капачето и се става на оган да зоврие. Кога ќе зоврие се трга од оган и се остава да се изладат во истата вода и потоа се чуваат во останатата зимница.