Пита со печурки
Состојки
- за тесто
- 1,5 чаша брашно
- 125 гр маргарин
- 3-4 лаж кисела павлака
- за фил
- 500 гр печурки
- 3 главици кромид
- 200 гр павлака
- 4 јајца
- 150 гр. кашкавал
- 2 лажици сув зеленчук
Подготовка
од состојки за тесто замесете тесто ставете го во кесе и у фриждер.
Печурките и кромидот исечете ги и испржете.
Тестото расукајте го и ставете во тепсија бр.26 да се подпече малку.
Додека се пече тестото, јајцата изматете ги и додадете павлака, кашкавал, подсолете, додајте сув зеленчук и се убаво промешајте.
Извадете го тесто од рерна, ставете ги испржените печурки, над печурките истурете ја смесата од јајца павлака и кашкавал и ставете се заедно да се пече.
Испечената пита украсете ја со парчиња патлиджан и магдонос,многу е вкусна пробајте!!!