Испечати

Слатко од црно грозје

Слатко од црно грозје

Состојки

  • 2кг зрна црно грозје
  • 1200 гр шеќер
  • 1л вода
  • 1/2 кафено лажиче лимонтус
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

Подготовка

За слатко од грозје најдобро е да се користи грозје без семка.
Грозјето убаво се мие се чисти од дршките. Во водатсе додава лимонтусот и исчистеното грозје и се остава 20 минути. Во 1 литар вода се истура шеќерот и се става на средна температура да почне да врие. Зрната се цедат од водата со лимонтус, се додаваат во шербетот и се вари со повремено мешање. Ќе почне да исфрла пена која се собира. Кога ќе биде средно густ шербетот тогаш е слаткото готово, се остава да се излади и се собира во тегли.