Испечати

Брза пита-пица

Брза пита-пица

Состојки

  • 5 јајца
  • 1 лажиче сол
  • 300 мл јогурт
  • 140 мл масло
  • 1 пециво
  • 1 ,5 чаши бело брашно
  • 1/2 чаша ржано брашно
  • 80 гр кашкавал или бело сирење
  • 80 гр сецкана шунка
  • 1 рендан морков
  • 10 исчистени од семки маслинки
  • 1/2лажиче оригано
  • сусам, оригано за посипување

Подготовка

(Потребно е 2 чаши од 250 мл брашно)
Изборот е ваш, може да се користи и само бело брашно.

Одлична пита погодна за изненадни гости, за доручек, вечера.....
Многу брза за спремање.
Прво се матат јајцата со солта, се додаваат јогуртот, маслото, пецивото, брашното и останатите состојки.
Убаво сето се промешува.
По желба може да се додадат и парчиња суви домати.
Смесата се истура во плех, мала ростер тава, се посипува со сусам и оригано и се печи оклу 40 минути.
Нека се излади, па се сечи и се сервира.