Испечати

Лесен џем од сливи и праски

Лесен џем од сливи и праски

Состојки

  • 2 кг сливи
  • 2 кг праски
  • 600 гр. шеќер
  • 2 лажици сок од цеден лимон (може и повеќе, по вкус)
  • прстофат сол
  • 150 мл вода

Подготовка

Спојот на овие два вкуса е навистина многу убав. Јас си го правев вчера и првата тегла веќе ја нема.

1. Праските и сливите се чистат од коските.
2. Се сечат на коцкички.
3. Сите состојки се ставаат во сад за варење.
4. Се вари, без мешање на средна топлина, додека не почне да се згуснува, околу 20 минути. (Може да се стави и во рерна)
5. На тивко се вари, се промешува додека не добие конзистентост на џем, околу 30 минути. Може да се додаде уште малку лимон и се остава да се излади.

Половина од овошјето изблендирав, другата ја оставив во коцкички и ми испадна многу убаво. Може и целата смеса да се изблендира или да се остави во коцкички како си го сакате повеќе.