Зеленчукови шпагети
Состојки
- 200 гр шпагети
- 2 моркови
- 2 пиперки
- 1 главица кромид
- 1 домат
- 1 лажичка сенф
- сол, мешан зачин
Подготовка
1. Шпагетите ги вариме на вообичаениот начин, а во меѓувреме со спремаме зеленчукот.
2. Зеленчукот се сечкаме на тенки ленти, да добие форма како шпагетите и го ставаме најпрво кромидот и морковот да се пропржи, па ги додаваме пиперките. Кога ќе бидат и тие пржени, го додаваме доматот, со отстранета лушпа и сецкан на ситни парчиња. Оставаме да се пропржи и доматот, да изврие течноста, па додаваме лажичка сенф и зачинуваме.
3. Шпагетите ги процедуваме и ги додаваме во зеленчукот, па промешуваме.
4. Сервираме во чинија и декорираме со неколку шери домати и магданос.