Шпагети со ѓувеч сос
Состојки
- 500 гр шпагети
- 5-6 главици кромид
- 5-6 моркови
- 3-4 домати (може и доматен сос)
- 5-6 лукчиња
- 1 помала тиквичка
- масло по потреба
- прстофат оригано
- сол, мешан сув зачин и бибер по вкус, може и малку магдонос по желба
Подготовка
1. Шпагетите ги вариме и ги процедуваме. Ставаме 2 лажици масло за да не се залепат помеѓу себе.
2. Морковот го сечкаме или рендаме, прво него малку го упржуваме, па го ставаме кромидот.
3. Кромидот ситно го сечкаме во сечко и го ставаме на оган да се пропржи во морковот.
4. Ги додаваме доматите и тиквичката, кои сме ги исечкале на ситно, а доматите може и да ги изблендирате.
5. На тивко го готвиме ѓувечот, додека да се згусне односно да испари течноста од доматите.
6. Лукчето и зачините ги ставаме на крај, да пуштат мирис и да се поврзат вкусовите.
7. Сервирајте со шпагетите и пријатен апетит!