Виножито торта
Состојки
- за секој пандишпан
- 4 белки
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица масло
- 4 лажици брашно
- 1 лажиче прашак за пециво
- 1 пакетче ванилин шеќер
- за фил
- 1 чаша омекнет несолен путер
- 5 чаши шеќер во прав
- 1 лажиче ванила
- 5 лажици млеко
- прехранбени бои по избор (онолку колку што ќе решите да има пандишпани)
Подготовка
За секој пандишпан
1. Во сад за матење, изматете ги пенесто белките со шеќерот. Додадете го маслото и на крај додадете ги брашното и пецивото. Треба да се добие тесто погусто од тоа за палачинки, по потреба може да се додаде брашно.
2. Додајте ја бојата која сте ја избрале и убаво промешајте.
3. Се пече на 180 степени, од прилика 20 минути.
Јас овој пат ја правев правоаголна, но и округла изгледа прекрасно. Убаво е ако имате неколку исти садови за печење во исто време, така целиот процес ќе оди побрзо.
4. За филот, се промешуваат состојките во сад за матење.
5. Кога пандишпаните се готови, бојата која ја сакаме долу ја ставаме прва па мачкаме од филот и потоа ја ставаме наредната и така до крај.
6. Премчакуваме одоколу со филот.
Може да се користи и слатка павлака, а исто така многу убаво испаѓа со фил од маскарпоне кој се прави со додавање на изматена чаша слатка павлака во смеса од 250 гр. маскарпоне и 1/2 чаша шеќер во прав.