Пикантни плескавици од зеленчук
Состојки
- 1 средно рендано тикве
- 1 среден рендан морков
- 1 среден рендан компир
- 2 јајца
- 1 лажиче пециво
- 4-5 лажици брашно
- 1/2 лута сецкана пиперка
- магдонос, целер, копар, зачин, сол, бибер, 1 лажиче ракија
Подготовка
Повкусно, побрзо - здравје.
Во овие летни горештини овие зеленчукови плескавици со парче сирење и црвен домат можат да бидат и комплетен ручек.
Во една зделичка се соединуваат сите состојки и убаво се промешуваат да се соединат.
Во тава на оган се налива 50-70 мл масло и со помош на лажица се става од смесата, се формира плескавица.
Се пржат на тивок оган.
Се превртуваат со вилушка да се испржат и од другата страна.
Се редат врз хартиени салфети да се упие вишокот маснотија.
Се сервираат по желба ... и толку, се дегустираат.