Печени тестенини со кисела вода и јогурт
Состојки
- 500гр. макарони
- 4 јајца
- 350гр. дробено сирење
- 1 литар кисела вода
- 500мл. јогурт
- 100мл. масло
Подготовка
Макароните истурете ги во тавче. Изматете ги јајцата со лажица. Сирењето издробете го и додадете го во јајцата. Киселата вода, јогуртот и маслото турете ги во тавчето со макарони и потоа додадете ги и јајцата и сирењето. Печете ги на 190 степени околу 35 минути, дури не изврие водата и не фатат малку коричка одозгора.
На здравје!!