Испечати

Брзинска торта од пудинг и пишкоти

Брзинска торта од пудинг и пишкоти

Состојки

  • 1л млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 1 пудинг од карамела
  • 1 пудинг од банана
  • 15 супени лажици шеќер
  • 3 супени лажици маргарин (коцка)
  • 1 дупло паковање пишкоти
  • 1 супена лажица капучино
  • 2 шлаг креми

Подготовка

Торта која се подготвува многу брзо а и брзо се јаде -)))

Млекото се дели во на 3 дела по 250 грама, во секое тенџере се става по 5 супени лажици брашно и се става да зоврие. Од преостанатото 250 гр млеко се дели на 3 дела и во секој дел се раствора пудингот и се додава во млекото да се згусне, се трга на страна и во секој пудинг се става по 1 супена лажица маргарин и се меша за да се растопи. Во малку вода се истура капучиното и тоа служи за потопување на пишкотите. Во огноотпорен сад се става најлонска фолија и се истура малку од топлиот пудинг од ванила врз него се реди потопени пишкоти па пак се става пудинг од ванила, повторно пишкоти па фил од карамела, пишкоти и фил од банана. Пишкотите се ставаат раздалечено не една до друга. Се става во фрижидер за длабоко смрзнување колку да се стегне пудингот и да омекнат пишкотите и потоа се премачкува со изматен шлаг крем.
На здравје !!!