Јајце во облак
Состојки
- по желба јајца
- малку сол
- путер за подмачкување
Подготовка
Интересно беше да се проба, па решив да ви раскажам еден малку поинаков начин на подготовка на јајца за разбивање на монотонијата од онаа класика на која си ги правиме. Вака приготвени јајцата не се разликуваат само на изглед, ами и по вкусувањето на белката. Па кој е радознал, веднаш нека се впушти во авантурата испробување.
Најпрво белките се делат од жолчките. Внимавајте жолчките да ви останат цели. Потоа, белките со малку сол, (кој ќе го додадете откако ќе запенат, обелат) се матат во цврст снег.
Тавата премачкајте ја со путер или масло и загрејте ја на рингла. По идејниот рецепт, можи најпрво во неа да испржите сланина и да го искористите тоа мрсно.
Од снегот од белки се ставаат толку купчиња колку што сте скршиле предходно јајца. Во средината се прави мала вдлабнатина и тами се сместува по една од жолчките.
Малку посолете и печете во загреана рерна на 200С 10-на минути. По желба можи да намалите од времето ако сакате поживи жолчки. Јас мислам дека намалив и од температурата, бидејќи рерната веројатно посилно ми печи.
Послужете ги со тостирани лепчиња и пржена сланина или едноставно напрскајте ги со кечап како на една од сликите.