Црни патлиџани со лукче
Состојки
- 10 парчиња црни патлиџани
- лук количината по вкус
- за солилото
- 400мл. масло
- 100гр. шеќер
- 300мл. бела киселина 9%
- сол по желба
- магдонос количина по вкус
Подготовка
Најпрво патлиџаните измијте ги и исечете ги на тркалца. Сечените парчиња редете ги во тава и печете ги на 190 степени околу 10 минути.
Во меѓувреме сварете го солилото. Во сад на оган турете го маслото и шеќерот и кога ќе зоврие турете ја киселината и оставете да поврие ама кратко. Количината на сол не ја напишав бидејќи јас турав произволно (од око).
Сега почнете си редење, во теглата прво турете 1 лажица од солилото, еден ред патлиџани и над нив ставете сецкан магдонос и сецкано лукче. Постапката правете ја дури не се наполни теглата, завршете со солило и магдонос. Пред да ја затворите теглата убаво со лажица стиснете ги патлиџаните и затворете. Теглите не треба да ги топлите во рерна значи само ги полните. Убаво затворете ги капачињата и оставете ги убаво да се изладат од солилото, бидејќи солилото се турва жешко.