Испечати

Тоблероне со кока кола, бадем, лешник

Тоблероне со кока кола, бадем, лешник

Состојки

  • 75 гр маргарин
  • 100гр чоколадо
  • 1 лажица мед
  • 100 гр шеќер
  • 50 мл кока кола
  • 50гр крупно мелен печен лешник
  • 50гр крупно мелен бадем
  • 80 гр мелени бисквити
  • 70 гр бело чоколадо, 1 лажица масло
  • 30 гр црно чоколадо и 1 лажиче масло

Подготовка

Многу вкусен и брз десерт.
Од оваа доза излегува точно еден триаголник.
Значи кога дозата би се удвостручила ќе добиете 2 триаголници, односно околу 70 парчиња.

На оган на тивко се ставаат чоколадото, маргаринот, кока колата, медот, шеќерот да се соединат и да провријат 1-2 минути.
Се трга од оган и се додаваат останатите состојки.
Убаво се промешува сето и смесата се тура во триаголен метален калап претходно обложен со фолија.
Се остава во фрижидер 2-3 часа да се стегни, се вади внимателно и се прелива прво со бела глазура и се прават шари со црна глазура.
Се сечи на парчиња.
Пријатен апетит