Испечати

Џем од капини и боровинки

Џем од капини и боровинки

Состојки

  • 1200 гр капини
  • 800 гр боровинки
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 700 гр шеќер
  • 1 џемфикс или 10 гр желатин
  • 1 лажица лимонов сок

Подготовка

Капините и боровницата измијте ги внимателно. Во тенџере ставате ред капини, ред шеќер, ред боровница, се додека да го потрошите шеќерот. Ставете ја и ванилата. Можете да ги оставите околу 2 часа вака за да пуштат сок. Ако сакате вистински џем, пред варењето измешајте ги со миксер.
Растворете го џемфиксот и додадете го. Ставете го тенџерето на оган и кога ќе почне да врие, варете уште 10-20 минути. Густината на џемот тестирајте ја, така што ќе ставите од него на тацна и кога ќе се излади, ако ви одговара, завршете го вриењето. На крајот додадете го и лимоновиот сок кој ќе додаде свој придонес кон згуснувањето на џемот.
Ставете го врелиот џем во тегли и затворете убаво. Може и да ги превртите теглите и така да стојат додека да се изладат.
Од оваа доза на овошје излегуваат две тегли џем.