Испечати

Мармалад од морков и праска

Мармалад од морков и праска

Состојки

  • 1 кг морков
  • 500 гр праски
  • 400 гр шеќер
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • кора и сок од 1 лимон

Подготовка

Морковот го чистиме и го сечеме на коцки.
Праските ги лупиме, им ја отстрануваме семката и ги сечеме на парчиња.
Ги вариме налиени со вода се додека да се сварат морковите. Праските можете да ги додадете и при крај на варењето.
Ги процедуваме и ги блендираме или ако немате блендер, со пасирка за компири убаво згмечете ги.
Вратете ги на оган и додадете шеќер во нив. Откако ќе почне да вријат додадете го ванилиниот шеќер. Вријте ги така 15-20 мин (може да се случи и помалку време да ви треба за вриење) со постојано мешање. При крајот на вриењето додадете ја кората и сокот од лимон.
Ставете го мармаладот жежок во тегли. Затворете ги со капак и превртете ги.