Топена торта со јаболка
Состојки
- 1кг јаболка
- 100 гр ореви сецкани
- 250 гр гриз
- 15 супени лажици шеќер
- 15 супени лажици брашно
- 15 супени лажици млака вода
- 2 супени лажици масло
- 1 супена лажица сода бикарбона
- 1 пакетче пециво
- за шербет
- 750 гр шеќер
- 600 гр вода
Подготовка
Колач што не одзема многу време, а е многу вкусен. Јаболката се лупат се рендаат и се ставаат во подлабок сад, се додаваат сите останати состојки и убаво се меша. Тавче број 30 се премачкува со масло и се посипува со брашно и се истура смесата се мазни убаво со рака и се остава 30 минути на собна температура. Потоа се пече на 200 степени додека на чепкалката нема ништо. 750 гр шеќер и 600 гр вода се вари шербет, но не многу густ. Откога ќе се излади тортата се полива со топлиот шербет и се сече по желба.
На здравје !!!