Млечен ролат Семафор
Состојки
- 400 гр урда
- 200 гр сирење
- 125 гр путер
- За црвениот дел
- 2 лажици ајвар
- 1/2 лажица мелен црвен пипер
- За жолтиот дел
- 2 лажици куркума
- 4 лажици сусам
- За зелениот дел
- 1 младо кромидче ситно насечкано
- 2 лажици мелени семки од тиква
- 3/4 гранчиња сечкан магдонос
- 1 лажица рендан пармезан за посипување
Подготовка
Си поиграв со основниот рецепт, па го добив овој декоративен ролат, во три бои односно во боите на семафорот.
1. Путерот треба да ни биде на собна температура, за да може пенасто да се измати. Го матиме со миксер.
2. Ги додаваме урдата и ренданото сирење. Јас користев козјо, нејчесто него го користиме, ама се рабира може и со друго сирење. Промешуваме со миксерот за да се изедначи смесата.
3. Ја делиме на три дела и ги промешуваме останатите состојки.
4. Калапот во кој ќе го редиме ролатот го намрсуваме со путер. Редиме црвен дел, жолт дел, па зелен дел најгоре, за да кога ќе го превртиме, боите бидат поставени како што се на семафор.
5. Го ставаме во фрижидер, пожелно е неколку часа, за да се поврзат вкусовите и да се стегне. Го превртуваме, сечеме парчиња и сервираме.
Ми се допаѓа затоа што се вадат убави парчиња, а е и особено вкусен.
Може да користите и маргарин, јас преферирам путер, а вие како ви е желба. Најдобро е да се прави навечер, ама и по неколку часови поминати во фрижидер ќе зацврсти.