Видео рецепт: Чизкејк што не се пече
Состојки
- За ТЕСТОТО ќе ви треба:
- 250 гр. чајни колачи
- 1/3 шолја кафеав шеќер
- 1/3 шолја растопен путер
- 1/2 лажиче цимет
- За ФИЛОТ ќе ви треба:
- 250 гр. крем сирење
- 200 гр. кисело млеко
- 1 лажица сок од лимон
- кора од 1 лимон
- 170 мл. слатка павлака за матење
- 100 гр. шеќер во прав
- 2 жолчки
- прстофат сол
- 1 пакетче желатин
- За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
- 1 тегла компот од вишни
Има различни начини на подготовка на Чизкејк. Овој пат Фичо ќе подготви Чизкејк што не се пече.
Подготовка
Чекор 1: Чајните колачи измелете ги убаво во блендер, додадете им го кафеавиот шеќер, цимет и убаво промешајте да се соединат. Додадете го растопениот путер и измешајте ги убаво. По потреба, додадете уште малку путер, за добро да се натопат колачите. Во Округлиот калап нанесете ја подлогата од колачи и путер, па ставете го во фрижидер да се стврдне.
Чекор 2: Измешајте го крем сирењето со киселото млеко од кое сте ја исцедиле течноста.
Во сад за матење изматете ги жолчките со шеќерот. Матете ја слатката павлака додека не добиете цврст крем. Желатинот растопете го на пареа со малку вода. Спојте ги сите состојки и добро изматете ги.
Сипете го кремот во калапот и повторно вратете го во фрижидер уште неколку часа, додека се стегне.
Чекор 3: Сервирајте парче и прелијте го со компот од вишни, или друго овошје по желба.
СОВЕТ: Ако сакате, откако ќе се стегне делот со сирење, може во компотот да додадете желатин и да го оставите да се стврдне во фрижидер. Така ќе добиете уште еден слој на тортата.