Испечати

Бисквити Омбре ѕвездички

Бисквити Омбре ѕвездички

Состојки

  • 1 јајце
  • 160 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 1/2 лажиче пециво
  • 50 гр путер
  • 50 гр мелени лешници
  • прехрамбена боја по желба или овошен екстракт

Подготовка

Еве интересни кекси „Oмбре“, добредојдени за вашите најмили.

Од горе наведените состојки замесете тесто и оставете го во фрижидер 10 минути.
Потоа поделете го на 6-7 делови и во секој дел по ваш вкус додадете од бојата
(се во зависност колку сакате да постигнете интензитет на бојата).
Сукајте корички, вадете форми, едноставно играјте си, уживајте.
Се редат во плех, се печат 15 минути и се сервираат.