Испечати

Потпечени макарони со мелено месо

Потпечени макарони со мелено месо

Состојки

  • 400 гр макарони
  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 конзерва пелати
  • 200 гр кашкавал
  • сол, црн бибер, оригано, мешан сув зачин
  • Прелив
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 100 мл кисела павлака или бешамел сос по желба
  • сол по вкус

Подготовка

Најпрво, подварете ги макароните.
Во тавче со малку масло запржете го ситно сецканиот кромид со меленото месо, па додадете ги пелатите предходно исецкани и пред крај зачинете, ренданиот кашкавал и посолете.
Измешајте ја содржината од тавата со макароните и префрлете ја во подмачкано тавче за печење.
Компактно измешајте ги состојките за прелив и прелијте ја содржината врз макароните.
Печете на 220С 10-15 мин.