Несqкапина торта
Состојки
- За подлога
- 250 гр мелени бисквити, кекси или колачи без фил
- 150 мл млеко
- 2 лажици засладено какао (несквик)
- 60 гр путер
- Фил од капини
- 600 мл пире од капини
- 6-7 лажици шеќер
- 60 гр путер
- 60 гр густин
- Несквик-нугат чоко крем
- 750 мл млеко
- 2 лажици несквик
- 1 пак. прашок за пудинг од чоколадо
- 2 пак. прашок за пудинг од лешник
- 5 лажици шеќер
- 150 гр млечно чоколадо (со нугат полнеж)
- 125 гр путер
- 100 мл слатка павлака
- За украсување, по желба
- 200 мл слатка павлака и несквик за посипување
Подготовка
Најпрво се припрема нугат кремот. Во дел од млекото се раствораат прашоците за пудинг со една лажица шеќер. Останатото млеко со шеќерот се загрева, па се додава разматениот прашок и се вари густ пудинг. Садот се трга од оган и веднаш се додава искршеното млечно чоколадо. Се меша убаво да се растопи и спои, па се покрива со целофан или повремено се меша додека не олади за да не фати коричка.
За тоа време, ставете го путерот да се растопи во затопленото млеко во кое предходно сте го додале какаото. Потоа додадете ја течноста во мелените кекси и убаво измешајте. Подлогата распоредете ја рамномерно на дното на калапот со обрач број 26.
Капините испасирајте ги заедно со шеќерот ставете ги на оган. Густинот растворете го со малку вода и една лажица од шеќерот. Кога ќе се загреат, додадете го и непрекинато мешајте додека се згустат. Тргнете го садот од оган и додадете го путерот, мешајќи се додека се растопи и смесата изедначи.
Филот од капини веднаш распоредете го врз подлогата и израмнете.
* Доколку сакате попрефинет изглед на желе, употребете 200 гр повеќе капини и откако ќе го добиете пирето, сокот од нив, пред да ги варите со густинот, процедете ги низ газа да се отстранат семките.
Сега, во веќе оладениот пудинг, додадете го изматениот путер. Слатката павлака цврсто изматете ја, па и неа додадете ја во кремот. Вака спремениот крем се премачкува врз филот од капини.
Одозгора тортата можи да ја украсите, премачкате со изматена слатка павлака, или по желба.
Оставете ја убаво да се зацрврсти во фрижидер пред служење (најдобро преку ноќ).