Испечати

Млеко од соја

Млеко од соја

Состојки

  • 300 гр зрна соја
  • 2 л вода

Подготовка

Пред некое време си купив книга за здрава храна, храна без масти и слично, во неа го сретнав овој рецепт за млеко од соја од кој може да се подготви сирењето тофи, јогурт од соја. Подготовката е лесна.

Најпрво зрната соја ги потопуваме со вода и ги оставаме 15 часа на собна температура, а додаваме вода доколку е потребно бидејки како набабрува сојата си ја впива водата. По 15 часа сојата ја цедиме и ја миеме во 2-3 води потоа со малку вода ја мелиме во блендер и ја истураме во тенџере, додаваме 2 литра вода и вариме на тивко, откога ке зоврие уште 30 минути со постојано мешање бидејки ако загори ке има горчлив вкус. Преку газа го цедиме млекото.

Ова млеко може така да го пиете, јас денеска матев и сладолед со него, вкусот ми е прекрасен. Топло млеко со малку ванила е супер. Рокот на траење му е од 3-5 дена во фрижидер.