Солени тортици
Состојки
- За тесто
- 100 гр путер
- 100 гр брашно
- 50 мл млеко
- 6 јајца
- 1 рамна лажичка сол
- За фил
- 300 гр шунка
- 300 гр кашкавал (гауда)
- 200 гр кисела павлака 20% масленост
- 200 гр мајонез
- 2-3 сечкани кисели краставици
- неколку гранчиња свеж магдонос
Подготовка
Декоративни солени тортици кои може да ви ја збогатат празничната, но и секојдневната трпеза , убави на изглед ама убави и на вкус.
1.Путерот го топиме и во него го упржуваме брашното, па го ставаме млекото, малку по малку со постојано мешање, се додека смесата згусне. Ја оставаме убаво да се излади.
2. Жолчките ги двоиме од белките и една по една ги додаваме во изладената смеса.
3. Белките ги матиме во цврст снег и нив лесно, лажица по лажица, ги додаваме во смесата со внимателно мешање.
4. Целата смеса ја распоредуваме на плехот од рерна, прекриен со хартија за печење и печеме на 200 степени околу 25 минути (зависи од рерната).
5. За филотЧ шунката и краставичките исечкајте ги на мали коцки, а кашкавалот изрендајте го. И листовите магдонос исечкајте ги ситно и сето тоа промешајте го со мајонез и павлака.
6. Изладената кора пресечете ја на два дела и едната половина намачкајте ја со фил. Прекријте ја со втората половина и малку притиснете, за да се спојат состојките.
Најгоре премачкајте со кисела павлака (може и со крем сирење) . Оставете во фрижидер добро да се излади и да се поврзат вкусовите. Исечкајте на коцки или квадарно, потоа нарендајте кашкавал и украсете по желба. Тортиците чувајте ги во фрижидер до сервирање.