Печен домашен увијач
Состојки
- 4 парчиња пилешки стек (свеж не мариниран)
- 100гр. кашкавал
- 100гр. пилешка шунка
- 200гр. пушена сланина
- малку бибер, мешан зачин и зејтин
Подготовка
Увијачите ги сакаме сите затоа редовно ги готвам. Овие увијачи ги печев во рерна, но може да си ги испечете и на скара.
Подготовка.
1.Пилешките стекови расечете ги со оштар нож и со толчник отворете ги колку што можете (најпрактично е доколку месото го обложите со стреч целофан пред толчење).
2.Секој стек зачинете го и пред да го заролувате ставете му по едно цело парче кашкавал и шумка.
3.Заролувајте цврст ролат, а потоа обмотајте го со сланина.
4.Вака стокмените ролати замотајте ги во фолија секој посебно со неколку капки зејтин.
5.Печете ги на 200 степени еден час во мала Ростер тава со малку вода.
Јас ги извадив за половина час, им додадов компири, печев уште половина час и добив комплетен ручек.
Добар апетит!!!