Испечати

Мраморен колач со чоколадо и малини

Мраморен колач со чоколадо и малини

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 гр. путер
  • 175 гр. шеќер
  • 250 гр. брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 100 гр. млеко
  • 120 гр. црна чоколада
  • 1 лажица какао
  • 2 шољи малини (за кафе)
  • За прелив
  • 200 мл. слатка павлака
  • 200 гр. црна чоколада

Подготовка

Подготовка

1. Путерот се мати со шеќерот додека не се добие кремаста смеса. Се додава едно по едно јајце, убаво се мати и потоа се додава ванилата.

2. Брашното просејте го со прашакот за пециво и полека додавајте го во горната смеса. Од млекото оставете околу 3-4 лажици, а остатокот додавајте го по малку заедно со брашното за убаво да се измеша и да добиете кремаста смеса.

3. Добиената смеса поделете ја на три дела, два помали и еден малку поголем. Поголемиот ќе остане таков, а во помалите два ќе додадете стопена црна чоколада и какао во едниот и пасирани малини во другиот. Во смесата со чоколадо по потреба додадете го преостанатото млеко за да биде по структура исто како преостанатите две смеси (да не биде погусто, потврдо).

4. Од трите смеси ставајте во долгнавест калап за да добиете шари.Кога ќе го наполните калапот поминете низ смесата со вилушка за да се исшара колачот дополнително. Калапот полнете го само до 2/3 бидејки колачот при печењето нараснува.

5. Печете го на 180Ц околу 35-40 мин. во зависност од вашата рерна.

6. Слатката павлака загрејте ја до вриење. Прелејте ја преку чоколадото и мешајте за да се растопи и да добиете мазна крема. Со овој прелив прелијте го оладениот колач и оставте го да се стегне.

На здравје