Испечати

Вкусно мезе со тиквичка и црн домат, во кошнички од тесто

Вкусно мезе со тиквичка и црн домат, во кошнички од тесто

Состојки

  • 1 тикве
  • 1 црн домат
  • 1 обарен морков
  • сол, маслиново масло лук, магдонос
  • за кошничките од тесто
  • 6 топчиња мали тесто (или 6 танки кругови лиснато тесто)
  • 6 листови пушена сланина
  • 6 листови кашкавал
  • 6 листови тикве
  • 6 листови црн домат
  • 6 листови морков

Подготовка

Најпрво тиквето, црниот домат и обарениот морков се сечат на многу танки ленти.
Тиквето и доматот се пропржуваат на тефлонска тава од 2 страни со по 2-3 капки маслиново масло.
Се зема едно парче пржена тиквичка, врз неа се става парче пржен црн домат, парче обарен морков и се витка ролничка.
Се сервираат на тајнир и се попрскуваат со мешавината од маслиново масло, лук, сол, и некоја капка лимон.
Сега во силиконски калап на делимано се става по едно топче тесто со големина на орев.
Ако имате при рака лиснато тесто може и по 1 кругче тесто.
Право да ви кажам купив лиснато тесто, но правев кифлички и од тестото скинав 6 мали топчиња и не згрешив воопшто.
На страна се редат едно врз друго- парче пропржена тиквичка, парче црн домат, парче морков, лентичка сланина и лента кашкавал.
Се завиткува ролничка и се става врз топчето тесто.
Се печат околу 20 минути.
Се сервираат со претходно спремените ролнички, со црвен домат, со пиперки полнети со урда и јајца.... и се она што ви е при рака.
Имате вкусно мезе, уште изберете узо или ракија по една чашка.
Пријатен апетит.