Торта со тиквички
Состојки
- За кората
- 2 чаши (чаша од 250 мл) брашно
- 3 помали тиквички
- 3 јајца (Л големина)
- 1 чаша шекер
- 1/2 чаша зејтин
- 1 лажичка пециво
- 60 гр. бело суво грозје
- 50 гр. непечен шам ф,стк
- 1 ванила
- Фил
- 3 јајца
- 3/4 чаша шекер
- 120 гр. маргарин
- 2 портокала
- За премачкување
- 300 гр. крем сирење
- 100 гр. шекер во прав
- 1 лимета
- 1 ванила
- 60 гр. шам ф,стк
Подготовка
Дегустаторите нема да препознаат дека е со тиквичка оваа тортичка, мене ми се пребендисува, па вие ако ја спремате ке си се изненадите самите себе си....
Припрема
- Тиквичката нелупена се ренда и се остава да стои околу 20 мин. во цедалка да се оддели од неа водата.
-Со миксер се матат јајцата и шекерот, кога е добро уработено се додава брашното во које веке сте измешале пецивото, сецканите јатки, сувото грозје и ванилата. Разбркајте да се изедначи смесата. Додадете ја сега и исцедената тиквичка - повторно разбркајте. Исипете ја добиената смеса во форма бр.26 на која сте послале хартија зе печење, печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 мин. Кога е печена, извадете од рерната, оставете да олади.
Фил
- Маргаринот ставете го во касеролата да омекне и на тивок оган да омекне, додадете го шекерот, кората и сокот од двата портокала и јајцата. Вратете на тивок оган да се вари притоа постојано со жица бркајки го - се додека не се згусти до густина исто како вариме пудинг. Оставете да олади.
За премачкувањето
- Крем сирењето и со миксер изработете го, додајте сокот од лиметата и ванилата. Измешајте.
Откако целото тоа сте го направиле, поделете ја испечената кора на два дела, премачкајте ја долната кора со целиот фил, поклопете со другата кора. Премачкајте со филот од крем сирењето, посипете со рендана кора од лиметата и сецканите јатки.
Нека ви е слатко, превкусна е!
Забелешка
- Немам скоро никогаш шам ф,стк и тоа сиров, затоа ставам миндали.
Чашата е од 250мл.