Потпечени макарони со сос
Состојки
- 1 пакетче макарони
- 1 кромид
- 1 морков
- 1 пиперка
- 200гр пилешка шунка
- 200гр кисела павлака
- 150гр растителен кашкавал
Подготовка
Кромидот се сецка на ситно, морковот на половинки, а пиперката и шунката на коцкички.
На загреано масло се пропржува кромидот, а потоа се додава пиперката, па морковот. Се пржи неколку минути, колку да заруменат состојките а потоа се додава киселата павлака. Сето ова го готвев во тава, па потоа ги додадов претходно сварените исцедени макарони. Не ги измив со вода, па затоа ставив малку повеќе масло за да не се суви и откако ќе се запечат. Откако убаво се мешаат макароните со сосот, одозгора се става изренданиот кашкавал.
Се потпечува 5 минути во загреана рерна на 200 степени.
Можете да ставите зачини по желба, јас не ставив но сепак имаше одличен вкус од сосот.