Испечати

Брокула салата со компир и морков

Брокула салата со компир и морков

Состојки

  • 200 гр брокула
  • 400 гр компир
  • 200 гр морков
  • павлака, сол, сирење

Подготовка

1. Компирот и морковот се сецкаат на коцки и се варат заедно.
2. Се сечкаат цветовите од брокулата. Може да ги искористите стебленцата исто ситно исечкани и се бланшираат. Се ставаат во зовриена вода 1-2 минути, па се вадат во цедалка и се ставаат под млаз ладна вода.
3. Се меша се заедно со павлаката, се посолува, а по желба се става и сирење.