Касети
Состојки
- 450гр. шеќер
- 450гр. мелени бисквити
- 1,5дл. вода
- 300гр. мелени ореви
- 1 маргарин
- 100гр. чоколадо за готвење
- 4 обланди
Подготовка
Шеќерот се топи со водата, се додава маргаринот да се стопи, потоа се ставаат мелените ореви и бисквити. Се се меша убаво, потоа се трга 1/3 од филот и се меша со растопената чоколада. Така се добива еден светол и еден темен фил.
Се става првата обланда, врз неа се става половина од темниот фил, се става уште една обланда па се става пола од белиот фил врз овој фил се ставаат чоколадните стапчиња. Се достава преостанатиот бел фил и се става уште една обланда, врз оваа обланда се става преостанатиот темен чоколаден фил и се става последната 4та обланда.
Се остава во флижидер неколку часа да се стврдне, а потоа се сече.