Испечати

Најчоколадната торта

Најчоколадната торта

Состојки

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 100гр брашно
  • 150мл слатка павлака
  • 100гр маргарин
  • 300гр чоколадо

Подготовка

1. Ставете ја слатката павлака и маргаринот на оган и мешајте додека маргаринот се растопи, но не и да почне да врие смесата, па тргнете од оган и додадете ги ситно исецканите чоколади и мешајте додека да се растопат.
2. Пенасто изматете ги јајцата и шеќерот, додадете ја чоколадната смеса и брашното и измешајте со лажица за да се соедини смесата. Истурете ја во плех бр. 24 обложен со хартија и печете во претходно загреана рерна на 190 С, точно 15 минути.
3. Откако ќе се испече, оставете ја да се излади и послужете.