Испечати

Дедова капама

Дедова капама

Состојки

  • 500 гр мелено месо
  • 1 чаша ориз
  • 2-3 компири
  • 2 пиперки
  • 1 главица кромид
  • 100 мл доматно пире
  • 3 и пол чаши вода
  • 1 лажиче оригано
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажица црвен пипер
  • 3-4 ловорови ливчиња

Подготовка

Дедо ми секое јадење со ориз и компир во рерна го викаше капама. Ова е само обогатено со мелено месо и спремано на мој начин.
1. Ситно исецкајте ги кромидот, пиперката и компирот на коцкички.
2. Кромидиот и пиперката ставете ги кратко да запржат, па додадете го меленото месо и пржете уште некое време.
3. Сега додадете ги и оризот и сецканите компири и исто така кратко запржете ги.
4. Додадете го црвениот пипер да запржи, па додадете го доматното пире и водата.
5. На крај, зачинете.
6. Кога ќе зоврие течноста, ставете ја во загреана рерна на 250 степени и печете додека не се згусти.

* Кој милува можи да си додаде и 1 морков. Јас најчесто заборавам.